logo
logo
logo

СТИГНА ПОТВРДА: Водачот на кавачкиот клан Звицер е ЖИВ!

Vecer | 02.10.2022

СТИГНА ПОТВРДА: Водачот на кавачкиот клан Звицер е ЖИВ!

Црногорската полиција преку партнерските служби добила потврда дека убиениот во Панама не е наводниот водач на кавачкиот клан Радоје Звицер, неофицијално дознава порталот Стандард.

Полициските информации, според сознанијата на порталот Стандард, укажуваат дека убиениот во Панама физички не наликува на шефот на кавачкиот клан Радоје Звицер.

Полициската управа, заедно со идентификацијата и физичката проверка, добила дефинитивна потврда дека Звицер не е убиен во Панама, туку дека се работи за друго лице чиј идентитет се уште не е соопштен.

Пред два дена, да потсетиме, медиумите објавија информација дека водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер е убиен во пукање во вила во Панама.

Претходно денеска, да потсетиме, Вања Звицер, ќерката на наводниот водач на кавачкиот клан, Радоје Звицер, објави видео како пее со нејзината мајка Тамара.

Видеото се појави 48 часа откако беше објавена информацијата дека Радоје Звицер наводно бил застрелан во Панама, а се претпоставува дека неговата сопруга и ќерка на овој начин сакале да им докажат на сите дека водачот на кавчанот е се уште жив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk