logo
logo
logo

Стеван бил без автомобил и пари кога неговиот син морал да оди итно во болница: Му помогнала непозната жена, а денес тој им помага на другите!

Vecer | 20.06.2021

Стеван бил без автомобил и пари кога неговиот син морал да оди итно во болница: Му помогнала непозната жена, а денес тој им помага на другите!

Пред околу еден месец, младиот Стеван Ставиќ од Јагодина објавил необична понуда на социјалните мрежи која за брзо време стана вистински хит во Србија. 25 годишниот Стеван нуди превоз до билница или до Брза Помош на сите оние кои не се во можност да си платат такси или немаат автомобил.

Идејата за ваквата хуманитарна акција ја добил од своето претходно лично искуство.

-Јас и сопругата сме млад брачен пар и имаме две деца. Помалиот син кога беше многу мал голтна метална паричка од 5 динари па моравме да го одведеме во болницата во Чупија за да му ја извадат. Тогаш во мене имав околу 150 динари и искрено не знаев што да правам. Ја прашав нашата прва сосетка – жена која ја имам видено буквално два пати во влез и ја замолив да не однесе во болница. Таа веднаш се согласи. На крај се понудив да и ги дадам тие 150 динари но таа не сакаше да ги земе и на крај ги оставив на седиштето, вели тој.

Стеван и открива дека во тој момент решил дека ќе им помоге на сите оние кои се наоѓаат во слична ситуација во истиот момент кога ќе поседува автомобил. Па така својата понуда ја објавил на Фејсбук.

Го објавив огласот во групата Јагодинка на Фејсбук и бев контактиран од луѓе со екстремно ниски примања.

Сограѓаните ми се заблагодаруваа на несебичната помош а меѓу нив имаше и жена на која итно и беше потребен превоз до болница.

-Ми се јави околу 12-1 на полноќ. Нејзиното дете имаше висока температура а таа никако не можела да му ја симне. Автобуси во тоа време немаше, а таа во себе имала само 500 динари. Ми се јави и ме замоли да ги однесам до болница. Ги однесов и ги почекав два часа за да ги вратам. Ми се заблагодари и ми кажа дека кога ќе има време ќе дојде на гости за да можат нашите деца да се дружат, додава Стеван.

Тој и открива дека ужива кога вози а особено задоволство му е кога може да му помогне на некој во овие тешки времиња.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk