logo
logo
logo

Стефан Јанев назначен за премиер на привремената влада на Бугарија

Vecer | 12.05.2021

Стефан Јанев назначен за премиер на привремената влада на Бугарија

Предвремените парламентарни избори во Бугарија се закажани за 11 јули 2021, а ќе ги организира привремената влада на чие чело ќе биде Стефан Јанев кој доаѓа од позицијата државен секретар за безбедност и одбрана, а претходно работел и како вицепремиер за внатрешен ред и министер за одбрана.

Владата на Јанев ќе раководи со борбата против коронавирусот и ќе треба да подготви терен за фер избори, а исто така ќе треба да одлучи дали ќе поднесе национален план за тоа како Бугарија ќе ги искористи шесте милијарди евра што ќе ги добие од европскиот фонд за заздравување од коронавирусот.

Одлуката ја донесе претседателот Румен Радев, кој во кабинетот меѓудругите го именуваше и бугарскиот амабсадор во Данска Светлан Стоев, на местото на Захариева, како министер за надворешни работи.

Иако привремената Влада ќе биде со краток рок траење од два месеца, неодамна Радев изјави дека овој состав ќе има тешка задача и голема одговорност.

Последните парламентарни избори во соседна Бугарија се одржаа во април, но ниту ГЕРБ на Бојко Борисов, ниту Има таков народ на Слави Трифонов не формираа Влада, па го вратија мандатот. Последните анкети објавени неодамна во Бугарија покажуваат дека разликата помеѓу партијата на Борисов и Трифонов е околу еден процент.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk