logo
logo
logo

Стапи на должност петтата техничка Влада на Бугарија

Vecer | 03.02.2023

Стапи на должност петтата техничка Влада на Бугарија

-Пред шест месеци ја презедовте одговорноста за државата во тешко време, прогнозите предвидуваа многу негативни сценарија за економијата, рече Румен Радев на официјалната церемонија на која ги презентираше задачите и приоритетите на преодната влада. - Успеавте да го запрете „слободниот пад“ на државата, им се обрати Радев на владините министри.

Преодната влада стапува на должност денеска со указ издаден од шефот на државата на 2 февруари, пренесува БТА. 

Радев истакна дека главна задача на Владата е подготовка на фер и транспарентни избори. Но, тоа се искомплицира поради измените во Изборниот законик. - Верувам дека ќе направите се за да не се искриви гласот на бугарските граѓани, рече шефот на државата.

Преодната Влада ќе ја предводи Галаб Донев. - До вчера бевме 100-та влада на Бугарија, од денеска сме 101-та и причината за ова е само една - 48-то Народно собрание не успеа да избере редовна влада поддржана од стабилно парламентарно мнозинство, истакна Донев.

Бугарскиот претседател вчера издаде указ за именување на преодна влада од 3 февруари, предводена од премиерот Галаб Донев. Единствена промена во составот е министерот за култура - Најден Тодоров ја презема функцијата од проф. Велислав Минеков./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk