logo
logo
logo

Стано: Институциите на ЕУ почнуваат со Белград и Приштина за спроведување на договорот од Охрид

Vecer | 28.03.2023

Стано: Институциите на ЕУ почнуваат со Белград и Приштина за спроведување на договорот од Охрид

Тоа го изјави за агенцијата БЕТА портпаролот во Европската комисија Петер Стано.

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Белград и Приштина се договорно обврзани да го спроведат Охридскиот договор и Анексот и јасно стави до знаење дека доколку не го сторат тоа, тогаш го напуштаат патот кон Европската унија.

Стано потсети дека Борел изјавил дека ќе ги „советува двете страни во извршувањето на нивната работа“ во спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, вклучувајќи го и анексот за имплементација.

Портпаролот на ЕК подвлече дека „сега се во игра меѓународниот углед и доверба во Косово и Србија, затоа тие треба да се покажат како доверливи партнери за ЕУ и затоа е неопходно да се спроведе она што го ветија“.

Тој посочи дека одредбите од договорот и анексот ќе бидат вградени во поглавјето 35 од преговорите меѓу ЕУ и Србија за членство и во програмата на Специјалната група на ЕУ за нормализација со Косово.

- Тоа значи дека двете страни ќе бидат договорно обврзани да ги спроведат тие одредби доколку сакаат да напредуваат кон ЕУ, а неспроведувањето значи напуштање на патот кон Европската унија, нагласи тој.

Стано рече и дека Борел ги информирал лидерите на ЕУ за разговорите во Охрид минатата недела и рекол дека Косово и Србија сега треба да го спроведат во пракса она за што постигнале договор. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk