logo
logo
logo

Стано: Дијалогот меѓу Белград и Приштина не е мртов

Vecer | 30.05.2023

Стано: Дијалогот меѓу Белград и Приштина не е мртов

„Оваа ситуација не настана ненадејно. Тоа е последица на поширок проблем меѓу двете страни кој трае подолго време и кој ЕУ се обидува да го реши од двете страни. Одговорни за настаните се двете страни и сега нивна одговорност е да најдат излез, а наше е да им дадеме поддршка во рамките на дијалогот за да се најде решение“, рече Стано.

Тој во Брисел изјави дека не е работа на ЕУ да бара одговор на прашањето кој е одговорен за нападите врз Кфор, туку да се погрижи ситуацијата да се смири преку спроведување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Нападите не се случија само вчера, гледаме дека овие многу опасни ескалации се случуваат од петокот со судири во кои има повредени лица и оштетување јавен имот. Затоа ЕУ, сите земји членки и нејзините тела силно ги осуди инцидентите и ги повика двете страни на деескалација и смирување на ситуацијата“, рече Стано.

Тој рече дека пренесувањето на таа порака е причината поради која високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел разговарал со лидерите на двете страни - српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk