logo
logo
logo

(ВИДЕО) СТАМПЕДО ЗА ВАУЧЕРИ ОД 3.000 ДИНАРИ: Дедо си ја изгуби бабата во турканиците

Vecer | 07.05.2021

(ВИДЕО) СТАМПЕДО ЗА ВАУЧЕРИ ОД 3.000 ДИНАРИ: Дедо си ја изгуби бабата во турканиците

Огромните гужви во трговскиот центар Ушче почнаа уште пред отварањето на трговскиот центар Ушче, каде што граѓаните на Србија дојдоа да се вакцинираат против корона. Покрај вакцината сите чекаа и бидат меѓу првите 100 за да добијат ваучер во износ од 3.000 динари.

Вниманието го привлекол средовечен брачен пар, кои за време на движењето по скалилата и метежот накратко се разделиле, пренесе порталот Република.рс.

Кога дедото видел дека сопругата останала на почетокот од скалилата, „заробена“ во масата народ, се вратил по неа пробивајќи се во гужвата, а се чини му олеснило кога својата сакана жена ја фатил за рака.

-Љубов во доба на вакцинација, бил еден од коментарите под објавата кој собрал најмногу лајкови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk