Пратеникот од социјалистите Звонимир Стевиќ поднесе оставка од функцијата откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како гледа филмови за возрасни за време на седницата за Косово во српскиот парламент.

„Пред половина час поднесов оставка од функцијата заменик. Не можам повеќе да зборувам, јави ми се пак за два часа“, изјави Стевиќ за Блиц.

Стевиќ беше член на собраниската Комисија за Косово, како и заменик член на Комисијата за уставни прашања и законодавство и заменик член на Комисијата за административно-буџетски и мандатно-имунитетни прашања.