Вонредните избори во Србија би можеле да се одржат веќе во септември, пишува српскиот портал Блиц, повикувајќи се на извор од врвот на српската напредна странка  на Александар Вучиќ.

Оваа информација е објавена по остриот говор на Вучиќ на состанокот на врвот на СНС.

– Подобро е да ѝ се приклучиме на опозиција отколку партиски и приватни интереси да ја водат државата. Подготвен сум да одам на избори како кандидат за премиер, но нема да попуштам под уцена – рече Вучиќ.

Сумирајќи ја неодамнешната седница на Народното собрание посветена на Косово и Метохија, Вучиќ рече дека СНС е сама во одбрана на државните интереси и дека го има народот со себе.