logo
logo
logo

Српски автобус полн со деца - СЕ ПРЕВРТЕЛ ВО БУГАРИЈА, има повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 14.08.2022

Српски автобус полн со деца - СЕ ПРЕВРТЕЛ ВО БУГАРИЈА, има повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Автобус со 48 деца, српски државјани, доживеа сообраќајна несреќа во Бугарија, на автопатот Тракија, објави Еуроњуз Бугарија.

Автобусот има регистрација на Шабац. Според различни извори има многу повредени. Автобусот се превртел на страна во ендек.

Порталот bg-voice јавува дека се хоспитализирани 17 патници, од кои најмладиот има шест години. Меѓу нив осуммина се тешко повредени.

Порталот наведува дека во возилото имало 38 деца и 11 возрасни и дека успеале да излезат од автобусот низ прозорците. Некои од нив ги скршиле и предните и задните стакла за да излезат.

Децата патувале од Несебар. Тие се дел од фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА. Повеќето се од Батајница, наведува порталот.

На местото на настанот пристигнале две возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила. Според првите информации десет лица се повредени.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора.

Се очекува повредените да бидат префрлени во болницата во Стара Загора.

Според порталот Новини.бг, возрасни и деца од Србија патувале со автобус.

Децата се враќале од одмор на бугарското црноморско крајбрежје, изјавил Станимир Станев, заменик главен секретар во МВР, а пренесува Нова ТВ.

Тој прецизира дека, според првите информации, има околу 10 повредени, но дека се уште нема информации за нивната состојба.

Станев изјави дека засега не може да ги коментира причините за несреќата, но извесно е дека патот бил влажен.

Според очевидци, автобусот наеднаш свртел надесно и слетал во ендек.

Во несреќата не учествувало друго возило.

-Полицајците кои пристигнале на местото на настанот го тестирале возачот на автобусот со алкотест и нивната реакција не покажала дека е пијан, велат очевидци.

Лица со приватни автомобили запрени на автопатот им пружиле прва помош на настраданите.

На местото на настанот пристигнале возила на итната помош, пет екипи на противпожарната бригада и пет екипи на бугарскиот МУП.

Многу автомобили застанаа, а десетици луѓе дојдоа да им помогнат на повредените.

 

Фото: социјални мрежи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk