logo
logo
logo

Србите нема да плаќаат роаминг додека се во Грција. Брнабиќ најави договор за укинување на роамингот

Vecer | 13.05.2021

Србите нема да плаќаат роаминг додека се во Грција. Брнабиќ најави договор за укинување на роамингот

По средбите со државниот врв на Грција на Економскиот Форум „Делфи“ српската премиерка Брнабиќ најави дека Србија и Грција следната недела ќе потпишат договор за укинување на надоместоците за роаминг.

– Склучивме со Грција договор за роамингот, според кој нашите граѓани кои ќе дојдат во Грција повеќе нема да плаќаат тарифа за роаминг во странство, туку тоа ќе биде локален повик и испраќање СМС пораки, објасни Брнабиќ.

Таа изјави дека министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, следната недела ќе допатува во Атина за да го потпише договорот, кој ќе стапи во сила веднаш.

Српските медиуми јавуваат дека Брнабиќ изразила благодарност за поддршката што Грција ја дава за европскиот пат на Србија и за застапувањето на процесот на проширување на Европската унија. Премиерката посочи дека оваа поддршка многу ѝ значи на Србија, бидејќи европската интеграција е важен предуслов за долгорочна стабилност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk