logo
logo
logo

Србите го блокираа Јариње на мирен протест, РОСУ дојде да го растури (ВИДЕО)

Vecer | 20.09.2021

Србите го блокираа Јариње на мирен протест, РОСУ дојде да го растури (ВИДЕО)

Србите од северот на Косово го блокираа преминот Јариње во двата правци, а членовите на Росу побараа да се разотидат.

Според Косово онлајн од Јариње, голем број незадоволни граѓани се собрале поради зголеменото присуство на специјалните единици Росу и најавеното воспоставување на реципроцитет, од страна на властите во Приштина, за сообраќајни регистрации со ознаки на Република Србија.

[embed]https://youtu.be/I1--wBTM4Q4[/embed]

Го прекинаа сообраќајот во двете ленти, а специјалните единици на Росу бараат од нив да се разотидат.

Во моментов има голема напнатост во Јариње.

Граѓаните велат дека дошле мирно да го искажат своето незадоволство, и дека единиците на Росу биле првите кои го блокирале патот и ги плашат граѓаните со долги цевки долж целиот пат кон Митровица.

Од утрово на преминот Јариње беа присутни голем број припадници на специјалните полициски единици Росу, кои се распоредени не само на Јариње, туку и на другиот премин кон Србија, Брњак, како и низ северниот дел на Косово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk