Маж (69) од Земун одлучил лукаво да го избегне зголемувањето на цената на горивото и нафтените деривати, па изградил илегална бензинска пумпа во дворот на својата куќа.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија спроведоа голема акција за борба против криминалот, при што го открија и Земунецот од кој конфискуваа поголема количина нафта и нафтени деривати, пренесува Informer.

Кога полицијата провалила во дворот, го пронашла сопственикот на илегалната бензинска пумпа и неговиот „клиент“ кој во тој момент полнел гориво. Полицијата заплени околу 20 тони нафтени деривати, две брусилки и камион со цистерна во која имало околу илјада литри нафта.

Запленети се и 5.400 евра и пиштол, а против него е поднесена кривична пријава. Нелегалната пумпа е затворена до понатамошно известување.