Блажиќ вели дека успеал да побегне и да стигне до својата куќа во Суви Дол бидејќи забрзал кога почнало каменувањето.

-Одев за Северна Митровица, ја префрлив ќерка ми со автомобил и на враќање видов група момци на раскрсницата кај џамијата во Суви Дол. Беа 6-7 и ги видов како се наведнуваат па претпоставив дека се наведнуваат за да земат камења. Кога почна каменувањето, забрзав и слушнав удирање на камења во автомобилот. Најмалку десетина камења удриле во автомобилот. Фала богу не бев повреден – вели Блажиќ.

Посочува дека е поранешен припадник на косовската полиција и дека никогаш немал проблеми со никого.

– Девет години живеам во Суви Дол. Никогаш не сум имал никакви проблеми. Сега ме нападнаа само затоа што забележаа дека автомобилот што го возам е пасат со регистарски број КГ и сигурен сум дека затоа ме нападнаа. Работев во полиција, одев низ цело Косово и никогаш никому ништо лошо не сум направил – тврди Блажиќ, пренесува српски Курир.