logo
logo
logo

Србин ЈА ИСКАСАПИЛ СОПРУГАТА НА СРЕД УЛИЦА во Франција, малолетното дете сведок на настанот

Vecer | 25.05.2021

Србин ЈА ИСКАСАПИЛ СОПРУГАТА НА СРЕД УЛИЦА во Франција, малолетното дете сведок на настанот

Српски државјанин Л.Б. (23) бил уапсен во Франција под сомнение дека ноќта помеѓу недела и понеделникот ја убил неговата сопруга ноќ Стефани ди Винченцо (22) во близина на полициска станица, а според извештаите на медиумите, сведок на злосторот било и нивното малолетно дете

Според порталот C-news, српскиот државјанин, кој и бил претходно познат на полицијата, ја нападнал сопругата со нож во центарот на градот Ајанц, кој се наоѓа во близина на границата меѓу Франција и Луксембург. По злосторството тој избегал, но бил пронајден и приведен.

Според информациите  Л. Б. ја нападнал жената половина час по полноќ, во непосредна близина на зградата во која живееле. Ја избодел пет пати. Несреќната жена се обидела да се скрие во блиската полициска станица, но била заклучена. Службите за итни случаи пристигнале на повик на граѓани и пронашле мртва жена среде улица.

Според локалните медиуми детето било сведок на настанот, а сега се наоѓа во центарот за социјална работа.

Медиумите пишуваат дека во ноември 2020 година, Стефани го пријавила сопругот за семејно насилство.

После овој немил настан, се одржал и протест за да се продолжи работното време на полициската станица.

Според француските медиуми, ова не е изолиран случај во овој дел на Франција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk