Нови промени на балканските граници

Србија тргна кон признавање на Косово, само е отворено прашањето на територијата

Српскиот претседател Александар Вучиќ подолг период ја подготвува српската јавност за признавање на самостојноста на Косово како државен и политички акт за верификација на реалната ситуација на теренот. Сега, најотворено, пред српската јавност  тој го окри концетот дека се залага за разграничување со Косово или, признавање на државна граница помеѓу Косово и Србија. Останува отворено само прашањето дали Косово како надомест за ова би се согласило да се откаже од 7% од својата територија на северот каде се неколку општини со доминантно српско население. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се залага за разграничување со Албанците.

„Да имаме територија за која не се знае како се третира и што кому му припаѓа, тоа е секогаш извор на потенцијални судири и проблеми. Јас се залагам за разграничување и тоа не го кријам, и тоа е политиката што ја претставувам. Дали таа политика ќе добие поддршка од народот или не, јас се залагам за разграничување со Албанците"- изјави Вучиќ.

Според него, дали во тоа ќе се успее „не зависи од нас".

„За танго се потребни двајца"- рече тој.

Вучиќ додаде дека решението за Косово мора да биде сеопфатно, а не едноставно ниту упропастено.

Поврзани

Најнови вести

Коментари