Србија предлага Путин и Трамп да се сретнат во Белград

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ предложи средбата помеѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин да се оддржи во Белград.

„Белград е целосно подготвен да биде домаќин на една таква средба, којашто има планетарно значење. Србија како воено неутрална земја има надворешно политички капацитет да биде домаќин на двајцата претседатели. Тоа би било најголема потврда за политиката што ја водиме како држава“, рече Дачиќ.

РТС потсетува дека Белград веќе беше избран како неутрален терен, за средба помеѓу рускиот и американскиот преговарач, Владислав Сурков и Курт Волкер, кои во октомври минатата година разговараа за решавање на украинската криза.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари