logo
logo
logo

Србија одбројува, ЗА МНОГУ БРЗО ТРИ МИЛИОНИ ВАКЦИНИРАНИ

Vecer | 10.04.2021

Србија одбројува, ЗА МНОГУ БРЗО ТРИ МИЛИОНИ ВАКЦИНИРАНИ

Досега во Србија се вакцинирани 2.880.000 граѓани и очекуваме следната недела да се направи три милионитата вакцина, вели Михаило Јовановиќ, директор на Канцеларијата за информатички техночогии и електронска управа.

Тој наведува дека 1.170.000 граѓани ја примиле втората доза, и дека од вкупниот број вакцинирани над 1.700.000 граѓани се пријавиле преку порталот за е-Влада или контакт центрите.

- Вакцинирани се скоро сите граѓани кои се пријавиле преку порталот, а следната недела ќе пристигнат над 100.000 дози вакцини Фајзер, кога ќе ги повикаме да се вакцинираат оние граѓани кои аплицирале за оваа вакцина - вели Јовановиќ.

Голем број странци аплицирале за вакцинација во Србија, а Јовановиќ вели дека во моментов има околу 53.000 странци кои немаат регистриран престој во Србија, а тие аплицирале преку порталот е-Влада за добивање на вакцина.

Тој посочува дека сега странските граѓани не се вакцинират, туку само српските граѓани, а кога ќе бидат вакцинирани, ќе се разгледа опцијата за вакцинирање на регистрирани странци.

- Инаку, најмногу аплицираат граѓани од околните земји, пред се, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но има и луѓе од земји низ Европа, Италија, Австрија и други земји - вели Михаило Јовановиќ.

Тој додава дека вакцинацијата е бесплатна во Србија, а тоа важи и за странците.

Кога станува збор за патничките пасоши, Јовановиќ објаснува дека ситуацијата сега е таква што сите граѓани што се вакцинирани добиваат потврда за вакцинација.

- Тие ја добиваат во хартиена форма, ја добиваат на е-маил адресата што ја оставаат за време на вакцинацијата, а ние направивме услуга на порталот за е-Влада за да можат да побараат потврдата да стигне до нивната адреса по е-пошта -  наведува тој.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk