logo
logo
logo

Вучиќ

„Србија НЕМА ПРОБЛЕМ СО ГАСОТ“

Vecer | 13.08.2022

„Србија НЕМА ПРОБЛЕМ СО ГАСОТ“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека Србија нема проблем со гасот, но дека сака земјата во наредниот период да обезбеди доволно електрична енергија.

Вучиќ истакна дека струјата денеска на берзата во регионот чини 440 евра за мегават-час, во Франција и Германија над 500 евра.

Како што вели, сите цени се зголемени, а ако сака земјата да обезбеди за декември и јануари, треба да се размисли за цена над 1.000 евра.

Наведе и дека цената на гасот е зголемена и денес е 2.230 евра, што, како што вели, кога ќе се земат предвид посредниците, трговците и другите трошоци се сведува на 2.600-2.700 евра, што, вели, „ не е нормално“.

Мора да видиме што прави Германија

- Цените се седум до осум пати повисоки од нормалните и затоа Германија, сериозна земја, се подготвува и оттука и одлуката становите во таа земја да не можат да бидат потопли од 19 степени. Мораме да внимаваме што прави Германија и да се подготвиме за тоа – изјави Вучиќ.

Тој рече и дека бесмислено е температурата во становите да биде 23-24 степени во Белград.

- Во моментов немаме проблем со гасот, сакаме да обезбедиме доволно струја - рече Вучиќ.

Како што рече, се уште чека да се обезбеди гас за одредени термоелектрани во Нови Сад, Панчево, Зрењанин...

- Ако го наполниме ТЕ-ТО Зрењанин со гас, за да произведува и струја, тогаш со мерки слични на Германија, односно ако ја намалиме температурата за еден степен, наместо 370 милиони кубни метри гас ќе потрошиме 300. Тоа се огромни заштеди на едно ниво - рече Вучиќ.

Математика и гимнастика

Со тоа се обезбедува и вишок гас за електрична енергија, кој е потребен во сите делови на Србија.

- Сега ги правиме сите тие математика и гимнастика, да пресметаме што можеме да направиме. Оти, ајде да склучиме договор со Бугарија за јаглен, и ништо нема да дојде, пошто велат дека не може да се дојде со шлеп. Склучи договор со Романците, не може да дојде. Ние го носиме она што можеме сега со камиони и возови. Се е страшно – изјави Вучиќ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk