logo
logo
logo

Додека Македонија се мачи, СРБИЈА ИМА НАД 1 МИЛИОН ВАКЦИНИРАНИ

Vecer | 18.02.2021

Додека Македонија се мачи, СРБИЈА ИМА НАД 1 МИЛИОН ВАКЦИНИРАНИ

Додека Македонија мака мачи да набави вакцини, Србија веќе има над милион вакцинирани, што ја покажува разликата во ангажираноста на властите за заштита на населението.

Според последните податоци, во Србија биле извршени 1.018.937 вакцинации против коронавирус.

Според бројот на вакцинирани на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.

Во светот, Србија е на 6-то место на милион жители, по Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.

Србија е убедливо прва во регионот на вакцинирани на милион жители, а потоа следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Албанија.

Според вкупниот број вакцинации, Србија е втора во регионот, по Романија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk