Србија: 29 луѓе починаа од западнонилска треска

Во Србија годинава се регистрирани 29 смртни случаи од западнонилска треска, а регистрирани се 286 заболени. Само минатата недела починаа четири лица.

Институтот за јавно здравје на Србија објави дека најголем број заболени има во Белград.

Од земјите од регионот, вирусот е регистриран и во Хрватска, БиХ и Словенија.

Досега 44 лица починаа во ЕУ, од нив 18 во Грција, 13 во Италија и 12 во Романија. Во Србија вирусот за првпат бил регистриран во 2012 година, а оттогаш па до минатата година пријавени биле вкупно 574 случаи на заболени, од кои 61 лице починале.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари