logo
logo
logo

Срби стигнале во Паралија и свртеле оро во море! Грците се крстат (Видео)

Vecer | 27.06.2022

Срби стигнале во Паралија и свртеле оро во море! Грците се крстат (Видео)

Грција е вистински рај за Србите. Не, не е само заради убавото море, шеталиштата, кафулињата, одличната храна и слатките. Грција е секако местото каде што ќе се чувствувате најудобно како Србин - секоја средба со непознат Грк ќе ви изгледа како да гледате стар пријател, велат нашите соседи.

Одамна е познато дека Србите на грчкиот брег се чувствуваат како дома, а кога веќе така се чувствуваат, нема да им биде проблем да се соберат неколку десетици од нив на плажата каде што има стотици луѓе и заедно да танцуваат во водата, се разбирам она што најдобро го знаат - колце.

Многумина со телефони во рацете застанале за да го овековечат овој момент на неверојатна среќа и радост - да се игра оро во море. А среде „магичниот“ круг „подигруваат“ и двајца мажи - едниот со српско, а другиот со грчко знаме во рацете, инаку двете врзани од едната страна. И да, музиката е жива, не станува збор за плејбек. Има фул оркестар влезен во водата, свират, па растураат. И никому не му е гајле што пука сонце, се игра мислиш свадба.

И не е прв пат, сценава се повторува веќе некое време откако Јагодина и Паралија (кај Катерини) се збратимија, па во ова грчко летувалиште повеќе се зборува српски отколку грчки.

Погледнете ја урнебесната сцена:

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk