На социјалните мрежи се појавија снимки од надзорните камери на кои се гледа жена со мало дете како оди по шините за да стигне до станицата. Инцидентот се случил на 31 мај годинава.

Кога слушнала брз воз кој доаѓа од зад неа, почнала да трча, влечејќи го детето со себе. Млад човек кој бил на перонот скокнал во последен момент и ги извлекол неа и детето од шините, за да не ги удри возот кој со полна брзина доаѓал кон станицата.