logo
logo
logo

Сплиќанец со БМВ намерно го прегази својот постар брат (Вознемирувачко видео)

Vecer | 30.06.2022

Сплиќанец со БМВ намерно го прегази својот постар брат (Вознемирувачко видео)

Тој е донесен во службените простории и во тек е кривична истрага. Според порталот Далматински, помалиот брат со БМВ го прегазил постариот и побегнал.

Порталот објави и видео. Предупредуваме дека за некои читатели содржината може да биде вознемирувачка.

Да потсетиме, полицијата извести дека 41-годишен маж бил тешко повреден вчера околу 17 часот и 35 минути кога бил соборен од лично возило, по што возачот се оддалечил со возило. Според првите информации, на ова му претходело нарушување на јавниот ред и мир меѓу нив.

Вчера било пронајдено напуштено возило, а на местото на настанот е извршен увид. На повредениот му била укажана помош во болница. Далматински пишува дека се работи за браќа кои се судриле во Мејаши. Велат дека ова не им е прв конфликт, но бил најжесток досега.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk