logo
logo
logo

СПЦ го поздрави прифаќањето на општопризнатиот канонски статус на МПЦ-Охридска Архиепископија

Vecer | 16.05.2022

СПЦ го поздрави прифаќањето на општопризнатиот канонски статус на МПЦ-Охридска Архиепископија

Откако го доби актот на Светиот архиерејски синод на „Македонската православна црква - Охридска архиепископија“ со кој го прифаќа општопризнатиот канонски статус што му беше доделен во 1959 година од Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, и изразува надеж дека Српската православна црква ќе го реши и прашањето на нејзиниот конечен канонски статус, по што треба да следи сеправославна согласност и прифаќање на тој статус, Светиот архиерејски синод одлучи:

- Со благодарност кон Господа и со радост, Синодот го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година;

- бидејќи со тоа се отстранети причините за прекинот на литургиското и канонското сослужување, предизвикано со едностраното прогласување на автокефалноста во 1967 година, се воспоставува целосна литургиска и канонска заедница;

- со воспоставување единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целата територија на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Северна Македонија не само што е можен туку и наменски, легитимен и реален;

- Српската православна црква во дијалогот за нивниот иден и евентуално конечен канонски статус ќе се води само и исклучиво од еклисиолошко-канонски и црковно-пастирски принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнoполитички“ и други дадени или за еднострани иницијативи не подлегнувајќи на ничие влијание или притисок;

- и, конечно, Синодот нема намера да ја условува новата сестринска црква со рестриктивни клаузули во однос на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и во дијаспората по решавањето на нејзиниот статус, со негова препорака да се реши прашањето за нејзиното официјално име во директен братски дијалог со Хеленските и другите помесни православни цркви, стои во соопштението на СПЦ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk