Спасени четворица планинари во Албанија

Припадниците на албанските специјални полициски и воени сили спасиле четворица планинари кои, поради снегот и мразот, биле заробени на планина во јужниот дел на Албанија.

Планинарите се лесно повредени и се надвор од животна опасност, сооштија властите во Тирана.

Претходно, албанските медиуми соопштија дека четворицата планинари за време на искачување на планината Сотир, во близина на границата со Грција, паднале во дупка. Тие побарале помош телефонски, по што бил испратен воен хеликоптер кој не успеал да слета, па на помош пристигнале припадниците на специјалните полициски и воени сили и ги извлекле планинарите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари