Веста која денеска како бомба одекна во соседството е дека Ивица Дачиќ во Лондон наводно има непризнаена ќерка која се вика Соња. Веста не ја изненади само јавноста, туку и самиот Дачиќ кому писмото му стигнало по електронски пат и на адреса на Собранието на Србија.

Во него извесна Соња тврди дека е непризнаена ќерка на Дачиќ од бракот со нејзината мајка, од која, како што твдри таа, политичарот никогаш не се развел. Соња тврди дека има и брат, кому Дачиќ исто така му е татко, и таа бара не само признание дека се негови деца, туку и алиментација.

Во утринската програма на Хепи телевизија Дачиќ признава дека писмото го шокирало и дека не му е јасно зошто баш нему му се случува ова. Погледнете го видеото и реакцијата на Дачиќ на писмото од Соња.