logo
logo
logo

Солзавец и водени топови за демонстрантите во Грција кои протестираат против новите мерки за Ковид-19 (ВИДЕО)

Vecer | 25.07.2021

Солзавец и водени топови за демонстрантите во Грција кои протестираат против новите мерки за Ковид-19 (ВИДЕО)

Најмалку 4500 демонстранти се собраа вчера на плоштадот „Омонија“ во Атина, а потоа се упатија кон плоштадот „Синтагма“ и го попречуваа сообраќајот, објави грчката полиција.

Грчката полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите во Атина, кои протестираат против задолжителната вакцинација против ковид-19, објави „Блиц“.

Во соопштението се вели дека 1500 демонстранти останале околу 40 минути на плоштадот Синтагма и улицата поврзана со плоштадот, „игнорирајќи ги предупредувањата и повиците на полицијата да се засолнат со цел да се овозможи непречен сообраќај“.

– Одеднаш, неколкумина од нив започнаа да пукаат кон полицијата со парчиња мермер, камења, факели и молотови коктели. Тогаш полициските службеници користеа водени топови, со ограничена употреба на солзавец, за да ја растераат масата, се посочува во денешното соопштение.

Полицијата додава дека по инцидентот биле приведени 25 лица, пренесе „Спутник“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=5XK5CMbppLM[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk