logo
logo
logo

Со чашка повеќе, ЛЕТАЛЕ И БОМБИ на ергенска забава во Хрватска

Vecer | 18.06.2021

Со чашка повеќе, ЛЕТАЛЕ И БОМБИ на ергенска забава во Хрватска

Според хрватските медиуми, ергенска забава во хрватското населено место Куновци, недалеку од Пожега, отишла предалеку. Во еден момент на забавата почнале да се фрлаат бомби.

Според очевидците кои контактирале со порталот „pozega.eu“, после неколку чаши, работата излегла од контрола, па од голема радост ситуацијата избегала од контрола.

„Можеше да има поголема трагедија, за среќа не се случи. Три лица беа повредени од остатоците од бомбата фрлена од неодговорно лице. Тие беа пренесени во болницата ", изјави очевидец на порталот.

Според информациите од болницата Пожега, трите лица се здобиле со полесни повреди од шрапнели.

Портпаролот на полицијата, Николина Јанковиќ потврди дека синоќа околу 23,30 часот пред семејна куќа во Куновци, 27-годишник активирал експлозивна направа и бил под дејство на алкохол, а 64-годишен маж бил повреден, кој исто така бил под дејство на алкохол.

Младиот човек кој ја фрлил бомбата бил уапсен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk