logo
logo
logo

Случајот кој ја вознемири јавноста: Новороденче во Турција по грешка било вакцинирано против корона!

Vecer | 24.09.2021

Случајот кој ја вознемири јавноста: Новороденче во Турција по грешка било вакцинирано против корона!

Новороденче старо еден месец од Турција било погрешно вакцинирано против ковид-19, и со тоа стана првиот познат случај на вакцинацинирано доенче во светот.

„Едномесечно бебе беше погрешно вакцинирано против „Ковид-19 “наместо против хепатитис во јули“, рече Зафер Куругол, педијатриски инфектолог на Егејскиот универзитет, кој го придружувал бебето, за АФП.

Куругол рекол дека здравствениот работник кој ја давал вакцината во околината на Измир, веднаш ја видел грешката и ги известил властите.

Детето веднаш било пренесено во Универзитетската болница, каде што било прегледано и му биле следени отчукувањата на срцето.

Лекарите го следеле една недела и не нашле негативни последици.

"Тој ја напушти болницата потполно здрав, како што дојде Дури и ги немаше несаканите ефекти што понекогаш ги имаат возрасните, како што е треска. Мајка му продолжи да го дои", вели Куругол.

Бебето, кое денес има 4 месеци, е здраво и лекарите редовно го прегледуваат.

Тестовите покажале дека тој развил антитела на Ковид-19, додаде инфектологот кој одбил да каже со која вакцина е вакцинирано детето.

Во моментов во Турција се користат две вакцини, BioNTech-Pfizer и CoronaVac.

На барање на Франс Прес, Светската здравствена организација (СЗО) соопшттила дека тестовите се уште траат, но дека „се потребни повеќе докази за краткорочните и долгорочните ефекти на инфекцијата САРС КоВ-2 кај децата и и ризиците од вакцинирање на млади луѓе “.

Pfizer објави оваа недела дека клиничките испитувања што ги спроведува во моментов вклучуваат и деца од шест месеци и постари.

Единствените податоци што ги објавил Pfizer досега се однесуваат на вакцинирање деца на возраст од 5 до 12 години против ковид.

Куругол рекол на телевизија дека „голем број“ доенчиња биле погрешно вакцинирани против ковид во здравствените установи и дека наскоро ќе биде објавена студијата за тие случаи.

Турското Министерство за здравство најавило административна истрага.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk