logo
logo
logo

Словенската левица го прозва Јанша поради ставовите за Тајван

Vecer | 20.01.2022

Словенската левица го прозва Јанша поради ставовите за Тајван

Опозициската левичарска коалиција од четири партии повика на вонредна седница на парламентарната комисија за надворешна политика поради изјавата што го возбуди Пекинг, велејќи дека изјавата на премиерот е „провокативна“ и отстапува од начелата за надворешната политика усвоени од парламентот.

Според социјалдемократите (СД), изјавата на Јанша може да им наштети на интересите на Словенија и економската соработка со Кина и да направи опасен „преседан“.

Јанша не ги смета за проблематични неговите ставови за Тајван и Кина, па на жестоките критики одговори со саркастичен твит, алудирајќи на тоа дека социјалдемократите се идеолошки следбеници на Комунистичката партија на Кина.

„Огромното мнозинство од членките на ЕУ имаат свои економски претставништва во Тајпеј и обратно. Само следбениците на диктатурите како што се словенечките социјалдемократи можат да се спротивстават на еднаквоста и на тој начин да се согласат на нашата споредна улога“, рече Јанша во пораката, додавајќи дека словенечките социјалдемократи имаат свои модели во Кина.

Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска реагираше и на најавите на Јанша за отворање на трговската мисија на Тајван во Словенија и на политичките и медиумските реакции во Словенија, предупредувајќи дека тоа нема да биде дипломатско претставништво и дека Словенија како членка на Европската унија го почитува принципот „една Кина“.

Неколку земји од Европската унија имаат свои претставништва во Тајпеј кои не уживаат дипломатски статус, како и претставништва на Тајпеј во европските земји, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

Отворањето и постоењето на вакви мисии има за цел да ја продлабочи економската и културната соработка и не ги нарушува принципите на една Кина, се вели во соопштението на словенечкото МНР.

Словенечките медиуми јавуваат дека некои анонимни словенечки дипломати изјавата на Јанша, дадена во понеделникот за една индиска телевизиска мрежа, ја сметаат за провокативна и непотребна со оглед на ситуацијата и контрапродуктивна кога се во прашање словенечките интереси. Тие наведуваат и дека некои веруваат дека актуелниот словенечки премиер сакал да и се допадне на американската администрација во светло на заладените односи меѓу Кина и Вашингтон.

Бриселскиот портал Политико ги коментира најавите на Јанез Јанша за размена на трговски мисии со Тајван, наведувајќи дека потегот на актуелниот словенечки премиер може дополнително да иницира тензии во односите меѓу Унијата и Пекинг.

Особено затоа што, се додава, Јанша изјави во интервју за индиската ТВ мрежа дека ќе ја поддржи „суверената одлука на Тајван да живее суверено или да се приклучи на Кина, како што одлучија нејзините жители“, и зборувал за Тајван како суверена држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk