logo
logo
logo

Словенија утре ќе прогласи КРАЈ НА ЕПИДЕМИЈАТА?!

Vecer | 14.06.2021

Словенија утре ќе прогласи КРАЈ НА ЕПИДЕМИЈАТА?!

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани само 24 нови случаи на коронавирус од 1.023 тестирани лица, што е 2,3 проценти од позитивните резултати.

Поради овој резултат, владата на Словенија одлучи да не ја продолжи состојбата на епидемија од вторник, 15 јуни, но некои епидемиолошки мерки ќе останат на сила, пренесува ХИНА.

Додека Словенија не влезе во „зелената фаза“ според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести, што се очекува кон крајот на јуни или почетокот на јули, носењето маски во затворен простор и понатаму ќе биде задолжително.

Ограничувањата, како што е бројот на присутни во затворено, исто така, ќе остане на сила.

Сè уште ќе бидат потребни посебни услови за присуство на концерти и други настани, како што се негативен тест за коронавирус, тест за антиген или доказ за вакцинација.

Владата го повтори својот апел до сите оние кои се уште не биле вакцинирани да го сторат тоа, затоа што сега има доволно вакцини, а викендов ќе се организира масовна вакцинација на помали места без закажување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk