logo
logo
logo

Словенија ја забрзува вакцинацијата, епидемиолозите предупредуваат за есенски бран

Vecer | 03.08.2021

Словенија ја забрзува вакцинацијата, епидемиолозите предупредуваат за есенски бран

Владата на Словенија ја забрзува кампањата за вакцинација против коронавирусот, така што центрите за вакцинација ќе бидат отворени за секого од 8 до 22 часот, а епидемиолозите предупредуваат дека есенскиот бран може да биде полош од минатата година, доколку вакцинацијата не се зголеми поради делтата варијанта

"Ако сакаме да го избегнеме четвртиот бран на пандемија и преполни болници, се препорачува барем сите постари од 40 години да бидат вакцинирани што е можно поскоро за да се заштитат од потешкиот тек на болеста. Пожелно е да биде вакцинирана барем 90% од возрасната популација.

Во моментов, 46 проценти од луѓето над 18 години и 60 проценти од оние над 50 години се целосно вакцинирани во Словенија. Според Министерството за здравство, моменталниот репродуктивен број на ширење на вирусот во Словенија е 1,25, а покрај локалните инфекции, дневно има и по 15 увезени.

„Размерот на епидемијата се зголемува иако сме во средината на сезоната налетни одмори што делува како делумно затворање, а минатата година епидемијата тогаш беше во опаѓање“, велат епидемиолозите. Тие предупредуваат дека скоро 100 проценти од тестовите се со делта варијантата  и во случај вакцинацијата да не се зголеми брзо, есенскиот бран во однос на бројот на дневни инфекции и хоспитализации може да биде полош од минатата година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk