logo
logo
logo

Словенија ја одобри употребата на лекот против корона и наскоро ќе почне да го користи

Vecer | 07.12.2021

Словенија ја одобри употребата на лекот против корона и наскоро ќе почне да го користи

Наскоро во Словенија ќе пристигне препарат кој по порепорака на доктор и со согласност на пациентот, ќе се дава на оние кои не се вакцинирани против Ковид-19 веднаш по развивањето на првите симтоми на болеста за кои се смета дека би можеле да се развијат во потежок облик.

Според словенечките медиуми, станува збор за лекот Лагеврио, познат и како Молнупиравир, кој е нарачан и веќе е на пат за Словенија.

Комисијата за медицинска етика, која е орган на Министерството за здравство, смета дека нема етички бариери за препишување и употреба на лекот, откако тој беше препорачан од Европската агенција за лекови (ЕМА), иако се уште не е официјално регистриран.

„Овој лек постигнува значителен напредок во борбата против епидемијата и очекуваме дека ќе доведе до помалку смртни случаи од ковид“, изјави Божидар Вољц, претседател на комисијата за медицинска етика.

Се земаат 800 милиграми два пати на ден

Лекот, откако ќе го препише докторот на пациентот, се зема веднаш по појавата на првите симптоми, во првите пет дена, додека на пациентот сè уште не му е потребна кислородна поддршка.

Се земаат 800 милиграми два пати на ден. Се проценува дека неговата употреба во 50 до 60 отсто од случаите спречува хоспитализација на заразените а нема да им се препорачува на трудниците, вели Вољч.

Лекот ќе се дава на оние кои ги исполнуваат условите да го добијат и се информирани за својствата на лекот и можните несакани ефекти и без никаков притисок ќе се согласат на таков третман. Сè додека лекот не биде официјално регистриран, писмената согласност на пациентот ќе треба да ја потпишува неговиот доктор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk