Словенечките епидемиолози предупредуваат дека се уште не е крај на епидемија на Ковид 19, и покрај подобрената ситуација со намалениот бојот на заразени, со што некои рестрикции ќе останат в сила и во текот на летото.

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 326 нови случаи на заразени со корона вирус, а проекциите се дека дневниот просек најдоцна во почетокот на следната недела ќе падне помалку од 300. Тоа значи дека Словенија влегла во “зелена“ фаза, кога се предвидени нови мерки на попуштања, кои со нетрпение јавноста ги очекува, пренесува Хина.

Епидемиологот Ирена Грмек Кошник од националниот Инстуитут за јавно здравје, на конференција во Љубљана предупреди дека тоа никако не значи дека луѓето можат да се опуштат бидејќи и понатаму ќе биде задолжително носење маски и основни противепидемски санитарни мерки, а во многу случаи и потврда за имуност за некои собирања или премин преку граница.

– На епидемијата не и е дојден крајот“, реча таа.

И понатаму ќе биде потребно да се применуваат некои мерки, дизинфекција на раце, да се внимава на дистанца, а оние кои ќе почуствуваат симптоми на зараза, мора да останат дома, додала таа.

Владата на Словенија за можно прогласување на “зелена“ фаза и попуштање на мерките ќе одлучи во четврток, во зависност од епидемиолошката состојба.

– Словенија не е безбедна од вирусот се додека не се безбедни сите земји, во нормала може да не врати само глобалниот пристап во набавка на вакцини“, предупредила Грнек Кошник.