Словенечкиот парламент именува поранешен комичар за мандатар

Словенечкиот парламент го избра поранешниот комичар Марјан Шарeц за мандатар за состав на новата влада.

Шарeц (40), чија Листа на Марјан Шарeц (ЛМС) го освои второто место на изборите на 3 јуни, ја доби поддршката на 55 од 90 пратеници во парламентот, објави агенцијата Ројтерс.

На тој начин „го турна во втор план” поранешниот премиер Јанез Јанша, чија антиимигрантска СДС освои најголем број гласови на изборите во јуни, но не успеа да собере доволно партии за формирање на централнодесничарска коалиција.

Поранешниот актер и комичар кој го заврши вториот мандат оваа година како градоначалник на Камник во северна Словенија, има 15 дена да формира влада составена од пет партии од левичарската коалиција предводена од неговата партија, што, според британската агенција, ќе зависи од поддршката на левичарската партија Левица.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари