logo
logo
logo

Словенците донесоа закон за деполитизација на јавната телевизија

Vecer | 28.11.2022

Словенците донесоа закон за деполитизација на јавната телевизија

Словенците вчера на референдум усвоија закон, кој има за цел да ги спречи политичките назначувања на јавната телевизија.

Изборната комисија ги објави резултатите, според кои повеќе од 62 отсто од гласачите дале согласност законот да стапи во сила, веројатно на почетокот на 2023 година.

Според текстот, владата и парламентот повеќе нема да имаат право да назначуваат функционери, а каналот ќе биде ставен под надзор на граѓански групи (вработени, бранители на правата, Академијата на науките итн.).

Фото: А.Petelinšek

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk