Следното лето туристите во Грција ги очекува голема промена

Грчката влада одлучи да ја ограничи тежината на туристите кои сакаат да јаваат на магаре за време на одморот во оваа земја.

Оваа одлука дојде откако активистите го свртеа вниманието на магарињата кои мораа да се искачуваат по стрмните улици на Санторини, носејќи ги тешките туристи на грб.

Така, грчкото Министерство за рурален развој и храна објави нови прописи за да ги заштити животните.

Едно такво правило е дека магарињата во Санторини не смеат да ги јаваат луѓе кои имаат повеќе од 100 килограми или кои тежат една петтина од тежината на животното.

Активистите ја поздравија оваа одлука, но тие рекоа дека сè уште треба да се направи многу.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари