logo
logo
logo

Следната недела конечна пресуда за Ратко Младиќ

Vecer | 02.06.2021

Следната недела конечна пресуда за Ратко Младиќ

Советот на механизмот за меѓународни кривични трибунали (МИЦТ) следната недела ќе ја изрече конечната пресуда против воениот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор на првостепениот судски процес во ноември 2017 година.

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и МИЦТ, како нејзин правен наследник, ќе го затворат својот последен случај директно поврзан со војната во Босна и Херцеговина. Пресудата треба да биде објавена во вторник.

И обвинителството и одбраната ја обжалија првостепената пресуда. Обвинителството побара второстепениот совет да го прогласи Младиќ за виновен за геноцид во општините Фоча, Котор-Варош, Приједор, Сански Мост и Власеница.

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија го поднесе своето прво обвинение против Младиќ во јули 1995 година, додека војната сè уште траеше во БиХ, заедно со политичкиот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој беше осуден на доживотен затвор во 2019 година и издржува затворска казна во Велика Британија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk