logo
logo
logo

Следен протест против насилството во Србија ќе биде в сабота пред Парламентот

Vecer | 31.05.2023

Следен протест против насилството во Србија ќе биде в сабота пред Парламентот

Тоа денска го најави потпретседателот на опозициската Народна партија, Мирослав Алексиќ.

Тој ги повика граѓаните да дојдат во центарот на Белград од 18 часот, бидејќи на тој ден се навршува точно еден месец од трагедијата што се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во која 13-годишник уби десет луѓе, вклучително и девет ученици.

„В сабота уште еднаш ќе се сеќаваме на сите жртви на трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, како и на масакрот во Младеновац. Ги повикуваме граѓаните да донесат цвеќе за да го остават околу зградата на Претседателството“, рече Алексиќ на прес конференција.

„Не смееме сега да се откажеме, мора да истраеме во борбата за Србија, за исполнување на нашите барања. Овој момент не смее да заврши како да се случила некоја сообраќајна несреќа. Ова е предупредување преку кое не смееме да поминеме“.

Саботниот протест ќе трае до 21 часот, јави Бета. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk