logo
logo
logo

СКАНДАЛ НА ПРВАТА ДАМА во Хрватска: Побарала од директорката на нејзиниот син две четворки преку ноќ да му станат ПЕТКИ! И тоа 7 дена по завршувањето на годината

Vecer | 04.07.2022

СКАНДАЛ НА ПРВАТА ДАМА во Хрватска: Побарала од директорката на нејзиниот син две четворки преку ноќ да му станат ПЕТКИ! И тоа 7 дена по завршувањето на годината

Сања Мусиќ-Милановиќ, сопругата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, се најде сред скандал кога се дозна, а „Јутарњи лист“ објави дека првата дама на Хрватска извршила притисок врз директорката на загрепската класична гимназија, Здравка Мартиниќ- Јерчиќ, така што две веќе заклучени оценки на нејзиниот помал син по една недела од завршувањето на училиштето, од четворки преку ноќ станале петки.

Како што пишува „Јутарњи лист“ за оваа афера, зборуваат професорите и родителите на ова средно училиште кое важи за елитно. А, се дознало и кои предмети се во прашање - математика и латински.

И тогаш родителите почнале да се јавуваат во „Јутарњи лист“, оние кои ги виде овие ненадејни промени во е-дневникот. Новинарите тргнале по оваа трага, па се дознало дека професорката по математика, на која претходно се вршел притисок да ги претвори четворката на синот на претседателот во петка, самоиницијативно одлучила тоа убаво да го направи за уште пет ученици во истиот клас, кои имале ист просек како и помладиот син на претседателот.

 

Sanja Musić Milanović

По тој пат тргнала и професорката по латински, која на сличен начин ги претворила четворките во петки.

„Јутарњи лист“ пишува дека помладиот син на претседателот е ученик во трети клас во Класичната гимназија и дека е примерен ученик кој има петки по повеќето предмети, но не и по математика и латински.

Новинарите на Јутарњи кои разговарале со родителите, чии имиња не се спомнуваат и не негираат дека е добар ученик, но дека не им е јасно зошто госпоѓата мама Милановиќ интервенирала, просекот да му биде 5.00, кога дури и со две четворки е одличен. Инаку, тоа можело да се направи на легален начин за време на училишната година, а не после една недела од крајот на годината да се преправаат оценките.

Инаку, законот за воспитание и образование во Хрватска вели дека учениците во основно или средно училиште, како и родителите кои не се задоволни од оценката, имаат право на жалба до Наставничкиот совет во рок од два дена од заклучувањето на оценката. Во овој случај ништо од ова не е испочитувано, тврди „Јутарњи лист“.

 

Sanja Musić Milanović

Оценката по математика е заклучена на 20 јуни, а на 27 е сменета од четворка во петка, кога директорот извршил притисок врз професорката, на инсистирање на Сања Мусиќ-Милановиќ.

Од друга страна, директорот за Јутарњи потврдил дека оваа учебна година немале ниту еден преглед на оценките согласно Законот.

Прво, како што од повеќе извори е потврдено за Јутарњи, во училиштето се јавила Сања Мусиќ-Милановиќ, по што му праќала мејлови на директорката и на крајот лично дошла во гимназијата на нејзиниот син на разговор со директорката. Наводно, на таа средба Сања Мусиќ-Милановиќ се пожалила на директорката на професорката по математика и рекла дека обезбедувањето на нејзиниот син видело како таа ги пуштала децата 10 минути порано на последниот час кога се завршувале оценките и дека наставничката имала направено типфелер на тестот, па таа требало на некој начин да се дискредитира. Наводно, според тврдењата на нејзините колеги, наставничката неколку пати му понудила на детето да одговара за повисока оценка. Откако попуштила под притисокот и ја ревидирала оценката за Милановиќ јуниор, професорката решила истото да го направи и за уште неколку ученици од класот кои биле во слична ситуација, со која родителите воопшто не биле запознаени, па биле изненадени кога виделе повисока оценка во е-Дневниците нивните деца.

Идентична ревизија на оценките имало и по латинскиот јазик, но не само во класот на Милановиќ, туку и на некои други паралелки.

ЕПИЛОГ

Професорот која ја поправила оценката после ова повеќе нема да му предава на Милановиќ јуниор математика, па како матурант ќе ја добие професорката која му предавала математика во прв и втор клас, кога синот на претседателот имал 5. Според изворите на „Јутарњи лист“, ова не е единствената ваква интервенција на Сања Мусиќ-Милановиќ.

Јуатарњи го контактирала пензионирана професорка кој тврдела дека првата дама истото го правела пред осум години кога нејзиниот сопруг бил премиер и кога истото го побарала и за нејзиниот постар син. И тогаш се работело за математика. Постариот син на Милановиќ тогаш бил ученик во втор клас, сите му биле петки освен по математика и латински, исто како и неговиот помал брат, и навистина бил одличен ученик, според она што го кажала неговата поранешна професорка по математика, но едноставно во тој втор клас, никако не можел да добие петка.

Директорката на средното класично училиште, Здравка Мартиниќ-Јерчиќ, потврдила дека во оваа учебна година немало ниту едно преиспитување на оценките согласно законот.

- Прво, сакам да истакнам дека мислам дека не е коректно да се пишува во медиумите за кој било ученик од нашето училиште, особено што се работи за малолетно дете. Ниту едно дете не заслужува така да се пишува во весниците. Ниту се вршеше притисок врз професорите, од ниту еден родител не беше побарана промена на оценката, а не зборувам за конкретната ситуација за која прашувате, рекла директорката, која на прашањето дали Сања Мусиќ- Милановиќ дошла кај неа и се пожалила, само одговорила дека не смее да го каже тоа за неа или за кој било друг ученик. Не сакаше ништо да каже ниту за тоа што оценките на вкупно 10 ученици се зголемени.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk