logo
logo
logo

Б92

СКАНДАЛ: Каков кислород им се дава на Ковид пациентите во БиХ?

Vecer | 27.09.2021

СКАНДАЛ: Каков кислород им се дава на Ковид пациентите во БиХ?

Босна и Херцеговина ја тресе уште една афера поврзана со сомнителна набавка на медицински материјали, а се однесува на квалитетот на кислородот за Ковид пациентите.

Според податоците на светска база на податоци ”Worldometer”, која води евиденција за параметрите поврзани со пандемијата на коронавирус во светот, бројот на смртни случаи во БиХ изнесува 10.422.

Имено, стапката на смртност во БиХ на милион жители изнесува 4 отсто, а во Република Српска 5,5 отсто, пренесува порталот Klix.ba.

Ваквите бројки укажуваат на тоа дека бројот на смртни случаи од корона е екстремно висок доколку се земе во предвид дека во БиХ живеат два милиони жители, пишува Б92.

Пациентите одбиваат да примаат кислород

Зошто овој број е толку висок никој досега не даде одговор. Но, доколку се земе во обзир дека од почетокот на пандемијата не престанаа скандалите поврзани со сомнително набавување на медицински материјали тогаш со право се поставува прашањето дали овие нешта можат да се поврзат, пишува Klix.ba.

Последна во низата афери врзани со медицинска опрема е откриена викендов кога градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ објави дека кислородот за лекување на пациентите во Бања Лука е набавен од компанијата ТГТ Лакташи чиј директор е Станислав Каџо, поранешен министер за внатрешни работи на Република Српска.

Таа фирма, тврди Станивуковиќ ја нема потребната лиценца за трговија со медицински кислород.

Klix.ba пренесува и дека Станислав Каџо досега не се огласил за овој скандал.

Во меѓувреме, според пишувањата на некои медиуми, Ковид пациентите од Универзитетскиот медицински центар БањаЛука одбиваат да примаат кислород кој им е неопходен во борбата против коронавирусот.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk