logo
logo
logo

Ситуацијата на Косово се уште многу ТЕНЗИЧНА, предупреди српски министер

Vecer | 26.11.2022

Ситуацијата на Косово се уште многу ТЕНЗИЧНА, предупреди српски министер

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека ситуацијата на Косово „се уште е многу тензична бидејќи има многу отворени прашања“.

Во изјава за локален медиум тој нагласи дека се надева дека „одговорите ќе се бараат во форма на дијалог“.

– Србите се загрижени бидејќи не се знае кој е следниот чекор на Курти, човек кој покажа дека не носи многу рационални одлуки и дека не е човек на договори, изјави министерот за ТВ Пинк.

Вучевиќ рече дека Србија „секогаш избира секогаш кога има макар и милиметар простор, решението да се бара со дијалог, што не значи дека ќе проголта се, напротив, туку сакаме да спречиме војни и конфликти“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk