logo
logo
logo

Сите патишта водат кон Белград: И Германци денес на вакцинирање во Србија

Vecer | 27.03.2021

Сите патишта водат кон Белград: И Германци денес на вакцинирање во Србија

Медиумите во Србија од утрово известуваат за големи гужви на Белграадскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација на населението.

Но она што е различно овој викнед е што поголем број од оние кои денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан.

Според изјавите на лицата кои го одржуваат редот, има државјани од Северна Макединија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од некои европски земји: Германци, Холанѓани и Словаци, објави Би-би-си на српски јазик.

Утрово гужва беше регистрирана и на граничниот премин Табановце, за излез од Македонија.

Речиси сите кои се пријавија за вакцинација во Србија, веќе се вакцинирани. Дури три четвртини од полнолетното население во земјата се нема пријавено за корона-вакцини. Според експертите дезинформациите го земаат данокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk