logo
logo
logo

Синот на Мило Ѓукановиќ НА РАСПИТ

Vecer | 22.10.2021

Синот на Мило Ѓукановиќ НА РАСПИТ

Блажо Ѓукановиќ, синот на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, беше сослушан во својство на граѓанин во Специјалното државно обвинителство.

Синот на претседателот на Црна Гора одговори на прашањата на обвинителите во врска со случајот „Пандора документи“.

Главниот специјален обвинител Миливое Катниќ вчера изјави дека Блажо Ѓукановиќ  ќе биде сослушан.

Додека пак Мило Ѓукановиќ писмено ќе го коментира случајот.

„Можна е писмена изјава. Се дава на високи функционери, не за да бидат привилегирани или одвоени од другите, туку да се избегне процедурата на контрола на просториите. Се проверува некој да не ја отрул водата, дека нема експлозив уред некаде и тоа ни одзема денови "Затоа ги запишуваме прашањата што би му биле поставени кога ќе дојде и му ги испраќаме за изјава. Но, ако беше поканет да дојде, сигурно ќе мораше да дојде", рече вчера Катниќ.

Во документите на Пандора се наведува дека Мило и Блажо Ѓукановиќ склучиле тајни договори за управување со нивниот имот во 2012 година, криејќи се зад комплицирана мрежа на поврзани компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар, беше објавено на 3 октомври на веб-страницата на Мрежата за афирмација на невладиниот сектор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk