Земјотрес со јачина од околу 5 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди јужна Грција, а епицентарот е во морето во близина на главниот град Атина.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот се случил на 71 километар јужно од Атина.

Потресот, кој потекнува од длабочина од 31 километар, бил почувствуван како средно силно нишање во региони и до 200 километри далеку од епицентарот, како северозападниот дел на островот Крит, според првичните сведоштва.

Грчкиот геодинамички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени, на 39 километри од островот Китнос.