logo
logo
logo

Си-ен-ен со ПОСЕБЕН ПРИЛОГ за вакцинацијата во Србија: Брнабиќ објасни како до ваков успех

Vecer | 12.02.2021

Си-ен-ен со ПОСЕБЕН ПРИЛОГ за вакцинацијата во Србија: Брнабиќ објасни како до ваков успех

Србија е успешна во вакцинирањето затоа што многу рано донесе одлука набавките за вакцини да бидат приоритет и да не гледа на тоа како геополитичко, туку како исклучиво здравствено прашање, истакна денеска премиерката Ана Брнабиќ во интервју за американската телевизија CNN.

Таа изјави дека причината за успешниот процес на имунизација на населението е спроведената дигитализација.

- Одлучивме да одиме директно на преговори со разни производители, не сметајќи го тоа за геополитичко прашање, туку за тоа што навистина станува збор - здравствен проблем, и сè со само една цел, а тоа е да се набават вакцини што е можно побрзо - објасни таа.

Брнабиќ потсети дека Србија е можеби првата земја во светот што потпиша договор со „Фајзер“, како и втора во Европа што ја прими нивната вакцина.

- Ние исто така бевме првата земја во Европа што потпишавме договор со кинески Синофарм и први ги примивме нивните вакцини. Одлучивме да го третираме ова прашање како клучен приоритет – истакна  таа.

Како втора причина за успехот на процесот на вакцинирање, Брнабиќ ја наведе дигитализацијата на јавните услуги, што е приоритет во изминатите четири години.

- Ова ни овозможи да имаме паметен систем многу брзо, што го прави овој процес многу полесен за граѓаните, транспарентен и лесен за нас да управување - додаде таа.

Брнабиќ рече дека не сака да учествува во дискусиите дали е потребно да се набавуваат само западни вакцини или и руски и кинески, велејќи дека верува оти прашањето за вакцинација е приоритет низ целиот свет, спасувајќи животи и дека нема никаква врска со политиката и геополитиката.

Како кандидат за членка на  ЕУ, додаде таа, фокусот на Србија е на патот кон членството, додавајќи дека Србија учествувала во сите напори на Унијата за развој и добивање на вакцини.

- Како мала земја дониравме 2,1 милиони евра преку Европската комисија за развој на вакцината во корист на сите нас. Ние сме исто така дел од механизмот Ковакс, но сметавме дека би било добро да се започнат директни преговори со производителите - истакна Брнабиќ.

Таа рече дека првите вакцини што дошле во Србија биле на „Фајзер“, но и вакцините на „Синофарм“ и „Спутник“ се безбедни и ефикасни, што е најважно.

Таа исто така рече дека очекува Србија да ги добие првите испораки на вакцините АстраЗенека до крајот на овој месец.

- Правиме се што можеме за да обезбедиме нашите граѓани да бидат вакцинирани, да сме безбедни, животот и економијата да се вратат во нормала што е можно поскоро - посочи таа.

На прашањето дали на Србија не и било полесно што во овој момент не е во ЕУ, како што е случајот со Велика Британија, земја која  што е прва со вакцинацијата, Брнабиќ рече дека не може да го каже тоа.

- Земјите-членки на ЕУ имаат многу придобивки што ние ги немаме, вклучувајќи ја и буџетската поддршка за закрепнување по Ковид  кризата - додаде таа.

Таа посочи дека очекува оти ќе преовладува мултилатерализам и дека сите ќе дадат поддршка за развој и производство на вакцини како заеднички приоритет, со цел зголемување на капацитетот.

- Мислам дека на крајот на денот,  ЕУ ќе ја заврши својата работа добро. Можеби започна доцна, но од сето ова ќе излезе посилна – убедена  е премиерката.

На заклучокот дека граѓаните во Србија можат да изберат вакцини и прашањето кои вакцини ги сакаат најмногу, Брнабиќ рече дека огромното мнозинство вели дека сакаат да се вакцинираат со која било вакцина што ја имаме, бидејќи сите се безбедни.

- Ги следиме сите процеси на одобрување вакцини во земјите од каде потекнуваат, но исто така и од Светската здравствена организација и ЕУ. Нашата агенција за лекови, така, ја регистрираше вакцината Фајзер следниот ден по одобрувањето на надлежната институција во САД, и неколку дена пред ЕУ. Имаме двојни и тројни безбедносни стандарди што ги применуваме. Прво чекаме некој да се регистрира, а потоа ја анализираме целата документација и примероци - објасни Брнабиќ.

Затоа, таа е убедена, граѓаните аплицираат за каква било вакцина. Таа додаде дека кинеската вакцина е многу популарна, но и затоа што имаме најмногу на располагање. Таа потсети дека синоќа добила нова пратка од половина милион вакцини од Кина.

- Најважно е граѓаните да се вакцинираат, не е важно со која - рече таа.

На прашањето за епидемиолошките мерки, Брнабиќ рече дека Србија се обидува да најде внимателна рамнотежа помеѓу неопходните здравствени мерки, економијата и менталната состојба на граѓаните кои се уморни од ограничувања.

- Итни сме затоа што граѓаните се дисциплинирани, како и работодавците, а пред се угостителите кои ценат што можат да сторат, па помагаат во спроведувањето на мерките. Сето тоа дава резултати - објасни Брнабиќ.

Таа потсети дека Србија прва ги имаше најрестриктивните мерки во светот и дека оттогаш се обидува да балансира помеѓу овозможување на послободен живот и работа со потребните мерки и постојан мониторинг на развојот на ситуацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk