logo
logo
logo

Си биле Хрват, Македонец и Србин... и завршиле во затвор

Vecer | 24.09.2022

Си биле Хрват, Македонец и Србин... и завршиле во затвор

Полицијата од Истра фатила шестчлена група, четворица Хрвати, Македонец и Србин, кои се обвинети дека од септември минатата година шверцувале хероин во Хрватска, а потоа го продавале на нарко-пазарот на кантоните Истра, Загреб и Сплитско-Далмација.

Осомничените набавувале хероин на територијата на една од земјите од Југоисточна Европа и го прошверцувале на територијата на три хрватски кантони каде, според сомнение на полицијата, ставиле во продажба најмалку 4,2 килограми хероин, а при нивното апсење, одземени им се 3,9 килограми.

За неовластено производство и тргување со дрога како дел од оваа банда, полицијата осомничи 43-годишен државјанин на Северна Македонија, 59-годишен државјанин на Србија и четворица хрватски државјани на возраст од 66, 49, 47 и 42 години. Според неофицијални податоци, тие се уште трагаат по 42-годишна хрватска државјанка.

При претресот на нивните живеалишта и возила, заедно со 3,9 килограми хероин, пронајдени се и пари за кои постои сомневање дека потекнуваат од трговија со дрога.

Од продажба на 4,2 килограми хероин заработиле најмалку 80.000 евра кои си ги поделиле меѓу себе, извести полицијата и додаде дека за делото за кои се осомничени одреден им е притвор

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk