logo
logo
logo

Швајцарски весник објаснува: Еве зошто Балканот е легло на антиваксери и љубители на теории на заговор

Vecer | 10.05.2021

Швајцарски весник објаснува: Еве зошто Балканот е легло на антиваксери и љубители на теории на заговор

Швајцарскиот весник Ној Цирхер Цајтунг (НЗЗ) објави анализа која е потпишана од дописникот за југоисточна Европа Волкер Панст, а со која укажува на тоа како Србија до неодамна се сметаше за земја со најголема стапка на вакцинирани против коронавирус во Европа, покрај Велика Британија.

Но во меѓувреме, како што се наведвуа, кампањата им запна.

Причина за тоа е недовербата на граѓаните кон вакцинацијата. Според весникот, тоа е и една од позадините на отворањето на српската програма за вакцинација и за соседите.

„Фактот што Србија во март својата програма за вакцинација ја отвори и за странци, освен со ПР ефект, поврзана е и со вишокот на вакцини. Во тој момент, имено, само една четвртина од возрасните граѓани на Србија се пријавија за вакцинирање“, наведува НЗЗ во својот денешен број, а пренесува Дојче веле.

Кеш за вакцинирање

Весникот укажува и на тоа дека кампањата до таа мерка дошла до потешкотии што претседателот Александар Вучиќ сега сите оние кои ќе се одлучат да се вакцинираат ги наградува со по 3.000 динари (околу 25 евра), што е околу десетина од минималецот.

НЗЗ наведува дека ниту во соседството не е подобро па така во Република Српска во БиХ властите во меѓувреме телефонски лично ги повикуваат оние кои се уште не се вакцинирале.

Но ни тоа не вроди со плод.

„Една докторка од Бања Лука сведочи за тоа како од пет повикални граѓани само еден се дојде на вакцинирање“, пишува НЗЗ. Слично е и на Косово и во Северна Македонија.

Весникот се повикува на едно репрезентативно истражување на Галуп кое покажува дека, со исклучок на некои држави настанати со распадот на Советскиот Сојуз, ниту во еден дел од светот не владее таква скепса кон вакцинирањето против коронавирусот како што е тоа случај со источна и југоисточна Европа.

„Во Босна и Херцеговина и Унгарија само тројца од дестмина испитаници би примиле вакцина“. На Косово 32, во Бугарија 33 отсто. И во Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Романија и Чешка дури помалку од 40 отсто од луѓето се подготвени да се вакцинираат.

Но додава: „Оттогаш довербата порасна во многу делови од светот, но не и на југоистокот од Европа“.

Сомнежот поврзан со искуствата од социјализмот

Овој скептицизам кон државните кампањи, како што е оној со вакцината, авторот го поврзува со недовербата кон државата, која датира од социјалистичкиот период, а тоа е особено точно за маргинализираните групи на население, како што се Ромите.

Но, уште поголема улога во создавањето недоверба, според НЗЗ, се припишува на посебната подготвеност на жителите од овој дел на Европа да ги прифатат различните теории на заговор поврзани со вакцинацијата. The Brains Trust, Советничката група за политика на Балканот во Европа (BiEPAG) известува дека во САД и Западна Европа е забележана подготвеност за прифаќање на теории на заговор за вакцини кај „максимум 25 проценти од населението“.

Во исто време, оваа вредност е делумно и двојно поголема во земјите од Југоисточна Европа.

„Повеќе од 60 проценти од анкетираните веруваат дека фармацевтската индустрија придонела за ширење на вирусот, а речиси половина веруваат во вмешаноста на Бил Гејтс или американската воена индустрија.

Оваа геополитичка поларизација е видлива и во фактот што мнозинството жители на Република Српска претпочитаат руска вакцина Спутник V. И на Косово, „владата категорично ги отфрла вакцините од Русија и Кина од политички причини затоа што Москва и Пекинг не го признаа поранешната српски покраина“.

Медиумските кампањи што би помогнале да се спречи ширењето на теории на заговор се попречени, според НЗЗ.

„Речиси и да нема медиуми кои би се спротивставиле на социјалните мрежи преку кои претежно се шират претежно лажни информации… Во авторитарните земји како што се Србија и Албанија, но и кај членката на Европската унија Бугарија, преовладуваат сензационалистички, владини, масовни медиуми, често придонесувајќи за ширењето на лажните информации “

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk