Што напишаа СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ за средбата во Охрид на Србија и Косово со ЕУ

Светските медиуми објавија за дијалогот во Охрид, пренесувајќи дека ништо не е потпишано, а прва од обврските е формирање на ЗСО.
„Дојче веле“ ги пренесува зборовите на Жозеп Борел дека по маратонските разговори кои траеле 12 часа, бил постигнат некаков договор, но дека ништо не е потпишано.
Британската агенција „Ројтерс“ во кусиот извештај по средбата во Охрид посочува дека по 12 часовни разговори под покровителство на ЕУ, Белград и Приштина се договориле за имплементацискиот анекс на договорот за патот кон нормализирање на меѓусебните односи. но потписите биле изоставени.
„Ројтерс“ во преден план го става апсолутниот приоритет на преговорите, а тоа е формирање на Заедницата на српски општини, а ги пренесуваат и зборовите на Борел дека албанската страна прифатила да иницира формирање на ЗСО.